Касемиро: Не можам да спијам поради Јунајтед…
08.04.2024 April Ponedelnik
Манчестер Јунајтед влезе со големи амбиции во оваа сезона, надеж дека истата ќе биде подобра од минатата, но реалноста е сосема поинаква, па така екипата е далеку од самиот врв на табелата во Премиер лигата, во моментов и е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, а одамна го заврши настапот во Европа.
Овие резултати и формата се далеку од очекувањата, па тоа претставува веќе проблем за играчи кои се навикнати да победуваат како што е Касемиро кој со Реал Мадрид претходно ги освои сите можни тутули.
-Тешко е, ми пречи што не се борам за титули. Заостануваме 20 поени од првото место. Понекогаш дури и не можам да спијам за да се обидам да размислувам да направам нешто поинакво. Тоа е реалноста. Нема смисла да размислуваме за титула или пласман во Лигата на шампионите, треба да размислуваме за денешните натпревари.
-Треба да размислуваме ден за ден, имавме можност да освоиме девет поени на последните неколку натпревари и освоивме само два. Бевме вознемирени. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар и да се фокусираме на следниот натпревар, против Борнмаут, -порача искусниот Бразилец по дербито со Ливерпул кое заврши без победник 2-2.
Comments