Касемиро искрен: Немаше да си заминам од Реал…
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2023
- 1 min read
Бразилскиот репрезентативец, Касемиро направи промена на клупската средина минатото лето и тоа изненадувачка промена во која од Реал Мадрид заврши во премиерлигашот Манчестер Јунајтед.
Играчот за врска имаше се во Реал, беше стандарден и незамелив во средината на теренот, екипата беше на врвот на Европа, освојуваше трофеи и за многумина беше изненадување што од таму премина во клуб кој се бара, се обидува да се врати на старите победнички патеки.
Касемиро добро се снајде на „Олд Трафорд“, даде свој придонес во позитивната кампања со тоа што е јасно дека клуб како Јунајтед секогаш сака уште повеќе, да биде на повисоко место во ПЛ и ЛШ. Останува да видиме како ќе се движи премиерлигашот во следниот период, а во меѓувреме Касемиро посочи зошто си замина од шпанскиот гигант.
-Имав различни причини. Зборувајќи за причините… се разбира, разговарав со моето семејство. Важно е да разговарам со моето семејство. Тие прифатија дека се ќе биде во ред. Мојата сопруга, моето семејство, моите деца, секако, важна е и нивната среќа.
-Имаше време да го напуштам клубот, да заминам од голем клуб. Има години кога ја имаш таа волја, таа сила да се движиш. Исто би кажал дека ако ова се случеше пред две години немаше да си заминам. Да се случеше ова за две, три години, немаше да го напуштам Реал Мадрид и да одам во друг голем клуб во Европа. Треба да се има амбиција да се сака да игра во друга лига, порача 31-годишниот Бразилец.

Comentarios