Касано: Алегри ќе добие отказ, знам и каде ќе заврши
Антонио Касано продолжува со своите коментари поврзани со актуелните случувања во Серија А, а една од најжешките теми е казната за Јувентус, односно иднината на тренерот Макс Алегри.
Иако се сметаше дека искусниот тренер има сигурна позиција во пресрет на следната сезона, последните шпекулации велат дека раководството на Јувентус е блиску до одлука за тренерска смена поради незадоволството од игрите во текот на сезоната.
Касано е убеден дека Алегри ќе добие отказ и ќе заврши во редовите на Наполи, чиј тренер Лучијано Спалети има недоразбирања со Аурелио Де Лаурентис и речиси сигурно ќе ја напушти функцијата.
– Де Лаурентис имаше проблеми со сите тренери. Со Сари, со Анчелоти, а сега направи вистинска катастрофа со конфликтот со Спалети.
– Можете ли да ми кажете кој тренер би прифатил таква улога?
– Од докажаните тренери мислам дека единствен кој би прифатил ваква понуда е Алегри. Ќе биде отпуштен од Јувентус и сигурен сум дека ќе заврши во Неапол, – истакнал Касано.
Comments