Касандра сака да се врати на Балканот, а причината е – Милош Биковиќ! Би сакала да сними филм со него
16.04.2024 April Vtornik
Актерката Кораима Торес, позната по улогата на познатата Касандра, признава дека ја обожава Србија, но и дека ужива во музиката на Цеца Ражнатовиќ. Таа признава и дека би сакала да сними филм со Милош Биковиќ.
Познатата актерка која глумеше во хит серијата во 90-те, го посети Балканот и конкретно Србија во 1997 година и вели дека сѐ уште се сеќава на впечатоците. Како што вели, од тој момент почнала да ја слуша српската музика и да гледа српски филмови.
“Навистина би го сакала тоа, сонувам да се вратам во Србија! Бев многу среќна кога бев во Србија, тоа ми е едно од омилените спомени во мојот живот. Луѓето беа љубезни, внимателни и полни со поддршка. Ја ценам љубовта што ја добиена во деведесетите од вас, ја чувам во срцето до ден-денес, рекла убавата актерка, а на прашањето дали знаела дека во Србија во деведесеттите имало протести дека Касандра била во затвор, таа одговорила: „Да! Слушнав дека луѓето се обидуваат така да и ’помогнат’ на Касандра“.
На прашањето дали слушнала за Милош Биковиќ, таа не го криеше воодушевувањето:
„Секако дека сум слушнала за Биковиќ, би сакала да снимам филм со него!“
Откри дека е одушевена и од Емир Кустурица и би сакала да се појави во некое негово остварување.
„Тој е еден од моите омилени режисери долго време. Ми се допаѓаат неговите филмови, начинот на кој работи, кадрите, длабочината на неговите приказни… Додека ги гледам неговите филмови, влегувам во еден магичен свет, од кој излегувам поинаквa. Најсреќна би била да играм во филм во режија на Кустурица, изјави Кораима Торес и додаде дека ја обожава српската музика.
„Ми се допаѓа Цеца“, призна таа.
Comments