top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Каролина по 12 години сними нова поп-песна

Како што најави на својот голем концерт на отворено во јули, во Скопје, дека следува нешто ново и возбудливо, Каролина Гочева го претстави синглот,,Од небо до дно“, нејзината прва поп-песна по 12 годишна пауза.

Интересно е дека музиката ја напиша Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Владимир Даниловиќ и на Весна Малинова.

Снимањето, миксот и мастерингот се одвиваа во „Цаст РБ продакшн“, додека спотот е режиран и реализиран од „Пирка“. Зад целиот проект, како извршен продуцент стои „Авалон продукција“.

За стилот на Каролина во оваа убаво спакувана видеоприказна се погрижи Јована Зука, за шминката Дадар, а за фризурата Јасмина Костиќ.

Танчари се Леонтина Ѓорѓиевска и Веселин Трајковски, а кореографијата е на Елена Стојкоска и Ивана Балабанова („Беатрикс кроу“), додека за фотографиите се погрижи Александра Костадиноска.

Обожавателите на Каролина одлично ја прифатија новата песна, која, како што напишаа на социјалните мрежи е „ремек-дело во стилот на денс-поп на 1980-тите, а сепак звучи футуристички“. Има пофалби и за стилот и за модерниот звук, со коментар дека време беше за вакво нешто од Каролина.


2 views

Comments


bottom of page