top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Каролина Гочева пееше за својата публика што ја следи 30 години!

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева која на сцената застана кога имаше само 12 години и се досега му е верна на својот сон, музиката да биде нејзин животен избор, во петокот на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, како што вели, одржа еден од своите најдобри концерти досега. Таа на социјалните мрежи им се зaблагодари на сите што учествуваа во неговата реализација и беа дел од овој прекрасен настан.

Расположена, своите најголеми хитови, со нови, свежи аражмани повторно да ги отпее со својата публика, која ја следи сите овие 30 години Каролина, понесена од убавата енергија ги нанижа, еден по едне своите хит рефрени. Ги слушнавме: „Без оглед на сè“, „Знаеш колку вредам“, „Милениум со тебе“, „Ајде да летаме“, „За нас“, „Кој да ти каже“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ …

Всушност самите обожаватели го направија спискот на песни, со своите желби што ги напишаа на социјалната мрежа инстаграм, каде Каролина ја праша својата публика од повеќе генерации, кои песни сака да ги слушне на концертот под ведро небо во Скопје.

По успешното отворање на Битолското културно лето со одличен концерт, истата амотсфера се повтори и завчеравечер. На голема светска сцена, со одлично озвучување и светлосни ефекти и со одлични музичари кои ја придружуваа, заедно со вокалите Ана и Сара, Каролина блесна во целиот свој сјај и докажа зошто и по толку години се уште е активна на музичката сцена, што ја одбележи со десет студиски албуми, безброј хитови и незаборавни настапи.

За да биде целиот коцерт во поп манир таа не ги отпеа „Чалгиска“ и „Две лири“, исто така општо прифатени од публиката, но и постарите поп-хитови ги разиграа и распејаа сите присутни..

Во спомен на Тоше Проески, Каролина го отпеа нивниот дует „Немир“ и неговиот хит „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.

Ди џејот Зоки Бејбе беше задолжен за загревање на атмосферата со најголемите светски хитови, а на бис Каролина ја отпеа „Хипокрит“, песна која несомнено е значајно камче во мозаикот на нејзината успешна и долга кариера.

М.Т.


2 views

Commenti


bottom of page