„Кармина бурана“ ја отвора новата сезона на Национална опера и балет
15.10.2024 Oktomvri Vtornik
Националната опера и балет на 16 октомври ја отвора сезоната со моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.
Националната опера и балет не е Универзална сала. Изминатите години прво се гледало да се даде за изнајмување, па после да има простор за претставите од репертоарот. Тоа веќе нема да се случува. Прво ние ќе го пополниме календарот, па ако има место, ќе ја изнајмуваме за други проекти“, кажа Оливер Арсовски, в.д. директор на НУ Национална опера и балет на вчерашната прес-конференција, на која беа присутни: Христо Саракинов, уметнички раководител на Опера, Кире Павлов, уметнички раководител на Балет и Бурхан Дибрани, раководител на секторот Маркетинг.
Од јануари, додаде Арсовски, сигурно ќе има по 2 оперски и 2 балетски претстави од железниот репертоар, а сѐ останато ќе бидат концерти, рецитали, претстави на мала сцена.
Ноември ќе биде посветен на одбележување на 100 години од смртта на италијанскиот композитор Џакомо Пучини. На 8 ноември е најавена „Боеми“, на 16 ноември е „Мадам Батерфлај“, на 23 ноември е „Тоска“ и на 29 ноември е закажана „Турандот“. Претставите ќе бидат со странски диригенти и пејачи.
Komentarze