top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Карлсен победи во 14-то од 17 финалиња на мастерс-турнирите

09.02.2024 Februari Petok

ШАХ

Поранешниот светски првак во шах Магнус Карлсен (2.823, рангиран прв во забрзан шах) победи на првиот интернет мастерс-турнир од Серијата на шампионите во забрзан шах (10 минути плус две секунди по играч), откако го совлада Алиреза Фирузја (2.724, рангиран на 17-то место), во финалето на Дивизијата 1 со 2-0. Фирузја почна одлично со 2,5-1,5 и со тоа се стекна за реванш-финале, оти за Карлсен (33) ова беше прв меч што го загуби, а Фирузја претходно загуби во четврт-финалето од Русинот Владимир Федосеев, па, така, и двајцата имаа по еден пораз. Според правилата, се играше второ финале, Карлсен победи со 2-0.Ова беше 14-та победа на Карлсен во 17 финалиња на вакви турнирски серии, со што заработи 30.000 долари, 100 турнирски поени, директен влез во Дивизија на следниот турнир, како и пласман во финалето на играње на табла на Турнејата на шампионите 2024 на крајот на годината.Годинава форматот е со двојна елиминација. Карлсен, Денис Лазавик (го освои третото место), Јан Непомнијашчи (четврти), Владимир Федосеев, Максим Вашер-Леграв, Фирузја, Весли Со и Хозе Едуардо Алкантара играа во Дивизијата 1. Винсент Кејмер го победи Левон Аронијан во финалето на Дивизијата 2 и се пласира во Дивизијата 1, а Алексеј Сарана го совлада Александар Гришчук во финалето на Дивизијата 3 и следниот пат ќе игра во Дивизијата 1. Во првата дивизија играа осум, во втората 16 и во третата 32 шахисти. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page