top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Карлос Сантана колабирал поради дехидрираност

Легендарниот американски гитарист Карлос Сантана, кој колабираше на сцената за време на концерт на отворено во близина на Детроит, Мичиген во вторникот вечерта, се огласи на Фејсбук за да ги смири загрижените фанови. Медицински тим го лекувал 74-годишникот во Кларкстон, а подоцна бил префрлен во локалната болница во одделот за итни случаи, каде по укажаната медицинска помош е задржан на опсервација. Сантана, кој е роден во Мексико, подоцна на својата фејсбук-страница напиша: „Заборавив да јадам и да пијам вода, па дехидрирав и се онесвестив“. Неговиот менаџер Мајкл Врионис рече дека музичарот се чувствува добро, пренесува британски Би-би-си. Сепак, менаџерот додаде дека концертот планиран за 6 јули во Бургетстаун, Пенсилванија, ќе биде одложен за подоцнежен датум.



2 views

Comments


bottom of page