top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кари: Потребни беа многу вештина, вежбање и повторувања

КОШАРКА – НОВ НАЈДОБАР ТРОЈКАШ ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА

Кога топката помина низ обрачот во петтата минута од натпреварот на Голден стејт на гости кај Њујорк, Стивен Кари (33) дефинитивно го изгравира своето име на тронот на најдобриот шутер тројкаш на сите времиња во кошаркарската НБА-лига. Тој го собори рекордот на Реј Ален од 2011 година како кошаркар со најмногу погодени тројки во историјата на НБА-лигата. На Кари му беа потребни две тројки во салата „Медисон сквер гарден“ за да го собори рекордот на Ален од 2.973 тројки во кариерата, а неговиот клуб Голден стејт го совлада Њујорк со 105-96. Кари на овој меч постигна 22 поени, од кои пет тројки од 14 обиди и сега има вкупно 2.977 погодени тројки. – Бев мал и слаб, а играв против постарите и поголемите. Причината поради која можев да играм со нив е тоа што бев добар во шутирање тројки. Потребни беа многу вештина, вежбање и повторувања за да се одржи конзистентноста – објаснува Кари како станал тоа што е сега. Она што е импресивно е тоа што на Кари му требаа речиси двојно помалку натпревари и двојно помалку минути на паркетот за да го собори досегашниот рекорд. Ален постигна 2.973 тројки играјќи 46.350 минути во 1.300 натпревари во НБА-лигата, а му биле потребни 7.429 обиди. На Кари за да го надмине му биле потребни 6.892 обиди за 26.972 минути во 789 натпревари. Ален го држеше рекордот нешто повеќе од 11 години, откако претходно собори рекорд на друг култен тројкаш, Реџи Милер, кој има 2.560 погодени тројки. Кари е единствен во историјата што во една сезона постигнал 400 тројки. Покрај Милер и Ален, НБА имаше уште неколку врвни шутери како: Лери Бирд, Дејл Елис, Глен Рајс, Рашар Луис, Стив Неш, Џејсон Ричардсон, Кајл Корвер, Пол Пирс, а денес Кевин Дурант, Џејмс Харден, Клеј, Томпсон… Но светската кошарка никогаш досега не видела шутер како Кари.

ТРОЈЦАТА НАЈДОБРИ ТРОЈКАШИ

КОШАРКАР ТРОЈКИ МЕЧЕВИ Стивен Кари 2.977 789 Реј Ален 2.973 1.300 Реџи Милер 2.560 1.389


1 view

コメント


bottom of page