Кардиолог тврди: Ериксен повеќе никогаш нема да игра фудбал
Кристијан Ериксен, во саботата, победи во најважниот натпревар. Најдобриот дански фудбалер, колабираше во 43.минута, во натпреварот против Финска. Десет минути, лекарите се бореа за неговиот живот. Докторот на данската репрезентација, откри дека неколку моменти срцевата активност кај Ериксен била прекината. Откако успаја да го реанимираат на теренот, Ериксен веднаш беше префрлен во болницата во Копенхаген. Изминатите два дена лекарите прават анализи за да откријат што му се случило. Прашање е што ќе биде со неговата кариера. „Ова веројатно значи крај на неговата кариера“, порачал доктор Скот Мареј, водечкиот консултант за кардиологија во Националната здравствена служба на Обединетото кралство. „Во Италија не им дозволуваат на луѓето да се занимаваат со спорт, доколку имаат срцеви проблеми. Таков е законот. Кај нив ова се применува во последните 20 години. Поради тоа стапката на смртност како последица на спортски активности изнесува помалку од еден отсто. Веројатно, Ериксен ќе има посебен пејсмејкер, дефибрилатор кој ја следи работата на срцето и предупредува на проблеми“, рекол доктор Мареј. Ерикаен има 29 години, никогаш до дуелот на Паркен стадионот, немал никакви срцеви проблеми.
Comments