top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Карагер го критикува ВАР-пеналот, а Миовски оригинално му одговори

Репрезентацијата на Македонија ремизира во мечот со Англија (1-1), во последниот квалификациски натпревар од Европското првенство. Првото полувреме го одбележаа два спорни моменти, во кои Македонија можеше да добие два пенали. Откако прво судиите останаа неми кога Мегваер го собори Елмас, во вториот момент по удар со рака на Рико Луис во лицето на Бојан Миовски, ВАР проверката го натера словачкиот арбитар да покаже на 11 метри.

Критики до арбитражата испрати легендата на Ливерпул, Џејми Карагер. Поранешниот стопер го прокоментира досудениот пенал за Македонија и го карактеризира како нереален, ама го посочи и моментот при фаулот на Мегваер.

„Бизарно е какви ВАР пенали се судат ширум Европа. Уште побизарно е дека не го досудија првиот по стартот на Мегваер“, напиша Карагер.

На оваа објава на Карагер на Твитер, оригинален одговор му испрати Бојан Миовски. Нашиот напаѓач му нашиша само „Бла, бла, бла“ во стил дека бадијала зборува.Македонија го заврши циклусот со две победи над Малта и ремија против Англија и Италија. Сепак, по еднаш бевме поразени од гигантите, а двапати и од Украинците.


1 view

Comments


bottom of page