Капитенот Тричко со клучна асистенција го однесе АЕК во следната фаза
Иван Тричковски е жива легенда на АЕК Ларнака и има важен статус и во подоцна фаза од својата кариера, а вечерва одново беше клучен на европската сцена за својот тим. Македонскиот напаѓач влезе во игра во последните 20 минути и капитенската лента веднаш заврши на неговата рака, но во судиското продолжение го изведе и потегот кој беше клучен за АЕК. Тимот од Кипар се пласираше во претпоследната квалификациска рунда во Конференциската лига, бидејќи асистенцијата на Тричко се покажа како одлучувачка на двомечот против Жодино. Искусниот голгетер асистираше во 96-та минута и Понс погоди за 1:0, а иако гостите израмнија на 1:1 до крајот, АЕК е тој што патува во следната фаза поради победата од 3:2 на првата средба. Со овој триумф, АЕК се најде во претпоследната квалификациска фаза, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Петроклуб и Макаби Тел Авив.
Comments