Search
Капитенот Ристовски ги пречека Бугарите со „Васко жабата“: Добредојдовте во Македонија (ФОТО)
26.09.2022 Septemvri Ponedelnik
Капитенот Стефан Ристовски поради повреда не е во комбинација и за вечерашниот меч на Македонија во Лигата на нации, меч во кој за противник ја имаме селекцијата на Бугарија.
Дуелот се игра од 20:45 часот, а пред истиот Ристовски го закачи источниот сосед со порака која беше испратена со песната „Комбајна вршачка“ или попозната како „Васко жабата“.
-Добредојдовте во Македонија… сега е наш ред… европски да ве пречекаме, – порача играчот на Динамо Загреб.
Comments