top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Капитенот на Лил: Го молам Роналдо да дојде кај нас, за ПСЖ нема закон во Франција


11.08.2021 Avgust Sreda

Пари Сен Жермен и Франција во моментов е во центарот на вниманието на фудбалскио свет, а причината за тоа е доаѓањето на Лионел Меси.

Меси мораше да ја заврши својата приказна со Барселона, па донесе одлука да се пресели во ПСЖ каде одново ќе соработува со Нејмар и неколку негови сонародноци од националниот тим. Секако не е мала работа еден Меси да дојде во тим од Лига 1 и за тоа е свесен и капитенот на Лил Жозе Фонте, меѓутоа во исто време не може да разбере како „светците“ можат да ги си дозволат сите овие трансфери вклучувајќи го и последниов.

-Сакам да допрам друг аспект. Само сакам да го разберам финансискиот фер -плеј во Франција. Секој клуб ги ограничува своите трошоци. Не можат многу да купуваат, не можат да добијат играчи со големи плати, но потоа доаѓа ПСЖ и изгледа како да нема закон. Одлично е што француската лига го има Лео Меси … но очигледно треба да погледнете во другиот аспект, дали е навистина фер?

-Освојувањето на лигата не е загарантирана. тие сметаат на многу работи што не се случиле. Како е тоа дозволено. Секој мораше да го намали буџетот во Лил, некои играчи мораа да ги намалат платите. Потоа доаѓате ПСЖ и гледате како доаѓа Донарума, Рамос, Вајналдум … Сите овие играчи доаѓаат со големи, големи плати и тие веќе имаат многу играчи кои имаат неверојатни плати. Оттаму доаѓа фрустрацијата, -вели Фонте кој откри дека се обидува да го донесе Кристијано Роналдо во Лил,

-Секој ден му испраќам пораки на Роналдо за да дојде до Лил. Тој ми одговара со „хахаха“, -истакнува искусниот Жозе за „Токспорт“.


1 view

Comments


bottom of page