top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Капитенот на Атлетико му одговори на Гвардиола преку социјалните мрежи (Фото)

Англиската јавност не чекаше да го нападне Диего Симеоне за стратегијата која ја подготви за „Итихад“, а жар на огнот додаде и Пеп Гвардиола со својата прва анализа на четвртфиналето.

Шпанскиот стручњак посочи дека било исклучително тешко да се игра против тим кој се брани во два блока со по пет играчи, но тоа го порача со доза на сарказам и употреби реченица која делуваше како напад за фудбалската филозофија на Атлетико.

– Против ова било тешко да се игра во праисторијата, сега и ќе биде тешко да се игра во наредните сто илјади години, – изјави Гвардиола за ултра дефанзивната тактика на Симеоне.

Чоло не навлегуваше во „војна на зборови“ и не му одговори директно на својот колега, но очигледно навреден од изјавата на Пеп се почувствува капитенот на Атлетико кој се јави на социјалните мрежи.

– Заљубен сум во твојата историја уште од праисторијата. Горд што сум дел од Атлетико, – порача капитенот на „душекџиите“.


1 view

Comentarios


bottom of page