Капитенот во елемент: Тадиќ со две бравури воодушеви на генералката за Србија пред Бразил (Видео)
Српската фудбалска репрезентација позитивно одговори на генералката пред стартот на Светското првенство, турнир кој избраниците на Пикси ќе го стартуваат со најголем можен предизвик.
Бразил дефинитивно ќе влезе како апсолутен фаворит во пресметката со Србија, селекција која денеска покажа дека има доволно добри аргументи за да се надева на надигрување.
Душан Тадиќ се погрижи за две бравури против Бахреин и беше клучен во победата од 5:1, во која имаше удел со два гола и една генијална асистенција.
Најпрво го отвори резултатот со фантастичен гол од слободен удар, потоа стрелаше и за 2:1, а набрзо режираше извонредно додавање со пета о Влаховиќ кој погоди за 3:1.
До крајот, Србија постигна уште два гола преку Ѓуричиќ и Јовиќ, па со убедливи 5:1 сега ќе отпатува кон Катар, каде ќе се подготвува за првиот дуел со „кариоките“.
Comments