Капело распали по арбитражата во Барселона и го потенцираше големиот пропуст на Макели
13.03.2024 Mart Sreda
Фабио Капело веќе подолго време е стручен аналитичар на италијански „Скај“ кога се во прашање натпреварите во Лигата на шампионите, а како човек кој посакува успеси на италијанските екипи, беше жестоко насочен кон судијата Дани Макели.
Холандскиот арбитар не досуди пенал за Наполи на стартот на вториот дел при резултат 2:1 и Италијанците се пожалија за тоа по крајот на натпреварот, но критиките не пристигнаа само од актерите на теренот.
Капело од студиото на „Скај“ потенцирал дека италијанскиот првак бил оштетен за чист пенал, заклучувајќи дека судијата бил пристрасен кон домаќините и во други акции на теренот.
– Јас не сум за пенали, не сум човек кој сака да гледа пенали, но прекршокот врз Осимен требаше да биде санкциониран со пенал. Судијата не беше добар, не судеше 50-50 како што налага протоколот на УЕФА, – изјавил Капело, кој бил критички настроен и кон Осимен.
– Одбраната на Наполи не беше добра, не беа добро поставени, но не направија нешто посебно и во нападот. Осимен беше во офсајд дури шест пати во првото полувреме, во второто полувреме понуди малку повеќе, но тоа беше премалку од него. Слабата точка на Барселона е одбраната, а Наполи не го искористи тоа, – заклучил Капело.
Comments