Search
Капело не сака да види едно големо име на клупата на „аѕурите“: Тој е надвор од трката…
- Aleksandar Santovski
- Apr 8
- 1 min read
07.04.2026 April Vtornik
Италијанците треба да донесат важни одлуки во наредниов период, а една од нив е кој ќе седне на жешкото столче и ќе го замени Џенаро Гатузо на селекторската позиција.
Овојпат во јавноста се споменуваат значајни имиња, а еден од нив Антонио Конте и се понуди да помогне и одново стане селектор. На легендарниот Фабио Капело ова му се допаѓа, но во исто време директно посочи дека е против едно решение, Роберто Манчини да биде предводник на националниот тим.
-Конте е добар кандидат. Не знам дали потрагата е завршена, но Алегри се повлече и, како што реков претходно и ќе кажам повторно, Манчини е надвор од трката. Конте се пријави себеси и мене ми се чини дека е добра идеја, -подвлече дон Фабио.






Comments