top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Капело за потегот на Кеан: Тоа што го направи покажува дека ништо не разбира

Моисе Кеан ги разочара фановите на Јувентус откако доби црвен картон неполна минута по влегувањето на теренот и тоа во моментите кога гостите очајно бркаа израмнување против Рома.

Италијанскиот репрезентативец експресно беше испратен во соблекувална, неговиот тим загуби, а медиумите најавија казна од Јувентус за Кеан.

Фабио Капело како стручен коментатор на „Скај Италија“ бил прашан што би му рекол во ваква ситуација на напаѓачот.

– Што би можел да му кажам?

– Тоа што го направи покажа дека не разбира ништо, само би губел време со него.

– Овој потег ќе му го намали почитувањето меѓу соиграчите, наместо да се фокусира на натпреварот, тој му направи контра услуга на својот тим. Сигурен сум дека и самиот веќе знае дека не треба да дозволи вакво нешто, – изјавил Капело.


2 views

Comments


bottom of page