top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Капело: Беше договорено да го заменам Фергусон, а потоа тој ми се јави следното утро и ми се извини

Фабио Капело ја освои титулата со Рома во Серија А во 2001-ва година и тогаш важеше за еден од најдобрите тренери во светот, поради што му била понудена и работата во Манчестер Јунајтед.

Поточно, Италијанецот открива дека Сер Алекс Фергусон имал првична идеја да се пензионира во 2002-ра година и претставници од Манчестер Јунајтед дошле во Италија да го договорат, па иако средбата минала перфектно, се случил голем пресврт само неколку часа подоцна.

Дон Фабио ја потврди оваа приказна и во вчерашното гостување во студиото на „Скај“ посветено на натпреварите во Лигата на шампионите, со тоа што откри дека следното утро добил и директно извинување од големиот Сер Алекс.

– Претставници на Јунајтед и Фергусон дојдоа да ме посетат во Рим и ние постигнавме вербален договор. Речиси се беше договорено, но кога се вратив дома, видов вест дека Фергусон останува уште три години во Јунајтед.

– Следното утро добив повик и тоа беше Фергусон. Тој лично ми се извини со следните зборови: Извини Фабио, мојата сопруга бара да работам, не ме сака дома…., – открива Капело.


0 views

Comments


bottom of page