top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Канје Вест го соопшти датумот за „Донда 2“

Канје Вест е подготвен за втор круг на „Донда“. Добитникот на „Греми“, чие ново име е Је, но медиумите сè уште го користат долгото име, се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека неговиот 11. албум, „Донда 2“, ќе излезе на 22 февруари. Ова дело е, всушност, прво продолжение на претходен албум во неговата повеќедецениска кариера. Во најавата за албумот има фотографија од неговата куќа во Чикаго во пламен, истата куќа што ја обнови за една од забавите за слушање на „Донда“ во 2021 година. „Донда“, кој го доби името по мајка му Донда Вест, која почина во 2007 година, излезе во август минатата година, две години по Jesus Is King. На албумот се појавуваат Џеј Зи, Д’ Викенд, Џеј Електроника, Тревис Скот, Јанг Таг, Лил Бејби, Кид Куди, Поп Смоук и други.


1 view

Comments


bottom of page