Search
Кантри-ѕвездата Кери Андервуд ја однесе дома наградата Видео на годината за „Алелуја“
Кери Андервуд триумифираше во средата вечерта на големото финале на наградите за кантри-музика, CMT Music Awards 2021, освојувајќи ја најпрестижната и најпосакувана награда, Видео на годината. Американската пејачка и текстописец беше почестена за нејзиното дует-видео Hallelujah („Алелуја“), во кое се појавува со Џон Леџенд, кој не беше во можност да стигне во Нешвил за церемонијата. Водител на долгогодишната церемонија на доделување награди за кантри-музика беше Кејн Браун, втора година по ред, и Келси Балерини, која дебитираше како домаќин.
Comments