Кантона со вулгарен речник ја искоментира шокантната одлука на Ретклиф за Фергусон (Фото)
15.10.2024 Oktomvri Vtornik
Сер Џим Ретклиф при пристигнувањето во Манчестер Јунајтед отпуши голем дел од вработените кои всушнот немале никакви фудбалски задолженија за извршување, но во „чистката“ која започна изминатово лето, сега беше придодаден и најважниот човек во историјата на клубот.
Новиот газда и неговите соработници решија да го „отпишат“ Сер Алекс Фергусон од платната листа на Манчестер Јунајтед за да ги намалат непотребните трошоци, односно го оставија Ферги без амбасадорската улога која му гарантираше и неколку милиони фунти годишно.
Оваа одлука на „ИНЕОС“ и Ретклиф предизвика вистински потрес во англиската јавност, а во моменти на голем немир и револт меѓу фановите на Јунајтед, најбрутален и најискрен е Ерик Кантона.
Незаборавниот голгетер на Јунајтед застана зад својот шеф и испорача вулгарна порака на социјалните мрежи, нагласувајќи дека би ги ставил во вреќа полна со срање сите оние кои ја донеле срамната одлука.
– Сер Алекс Фергусон треба да има пристап да прави што сака во клубот до неговиот последен ден во животот. Каков недостиг на почит. Ова е скандалозно за мене. Сер Алекс ќе биде мојот шеф засекогаш! Би ги фрлил сите нив во вреќа полна со го..а!, – гласи жестоката објава на Кантона.
Comments