Канте ќе го напушти Ал Итихад
- Aleksandar Santovski
 - Aug 26
 - 1 min read
 
25.08.2025 Avgust Ponedelnik
Ал Итихад и ова лето се обидува да обезбеди сериозни засилувања за сезоната во која ќе атакува на повеќе трофеи, а клубот од Саудиска Арабија решил да се раздели со ветеранот Н’Голо Канте.
Французинот веќе не е недопирлив и неговите агенти добиле информација дека треба да се обидат да му пронајдат нов клуб, бидејќи нема да биде во прв план во Ал Итихад.
Канте одигра две сезони за тимот од Џеда, а сега на 34-годишна возраст може да се врати и во Франција, каде сигурно постои интерес за неговите услуги.
Втора опција е Канте да остане во Саудиска Арабија, но во некој од клубовите со помали амбиции во првенството на азиската земја.
Играчот за врска мора внимателно да го направи изборот на следен клуб, бидејќи досега го одржуваше местото во националниот тим и сигурно нема да сака тоа да се промени во пресрет на СП 2026.






Comments