top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Канскиот филмски фестивал почнува денес

Црвениот тепих во Кан повторно оживува вечерва кога ќе почне 76. филмски фестивал со премиера на драмата од периодот на Луј Петнаесетти, „Жана де Бари“ (Jeanne du Barry), со Џони Деп. Според светските медиуми, годинешниот фестивал ветува шведска маса на Азурниот Брег, на која во следните 12 дена ќе се служат спектакли, скандали, филмови, гламур… Сето ова ќе се случува во заднина на работничките протести против промените во пензискиот систем, иако на оддалеченост од главното средиште на фестивалот. Канскиот филмски фестивал е колосална екстраваганција, изложба на најдобриот светски филм, спектакуларен црвен тепих и кошница за случување договори на француската ривиера. Свеченоста во вторник ќе опфати церемонија на отворање, каде што Мајкл Даглас треба да ја добие почесната „Златна палма“. Подоцна, иста таква чест ќе му биде укажана и на Харисон Форд, ѕвездата на „Индијана Џонс“. Ќе биде претставено и жирито, кое ќе одлучува за главната награда на фестивалот, престижната „Златна палма“. Најголемите имиња во меѓународната филмска продукција ќе слетаат на француската ривиера за најпрестижниот филмски фестивал. Харисон Форд, Леонардо ди Каприо и Фиби Волер Бриџ ќе бидат меѓу ѕвездите што љубителите на филмот ќе може да ги видат на црвениот тепих. Филмовите на Мартин Скорсезе, Вес Андерсон и Кен Лоуч премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот заедно со десетици други. Ќе се појави и Џони Деп, кој се враќа на филмското платно првпат по маратонските правни битки со поранешната сопруга Амбер Херд. Ова се петте филма за кои сите зборуваат: „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ „Жана де Бари“ „Град на астероиди“ „Стариот даб“ „Убијци на цветната месечина“







0 views

Comentários


bottom of page