top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Канди го собори светскиот рекорд во полумаратон за 29 секунди

07.12.2020 Декември Понеделник

АТЛЕТИКА – ОДЛИЧНА ТРКА ВО ВАЛЕНСИЈА

Кибивот Канди го собори светскиот рекорд со резултат од 57,32 минути, со што полумаратонот во Валенсија е најбрзата трка на 21.097 метри во светот. Првите четворица тркачи влегоа во целта со време подобро од стариот светски рекорд на Џефри Камворор (58,01), што го покажува високото ниво со кое се трчаше низ улиците на градот. Кениецот го издржа последниот напад и влезе сам во целта. Второпласиран заврши актуелниот светски првак во полумаратон Јасејкоб Киплимо од Уганда (време 57,37 минути), а трет Кениецот Ронакс Кипруто (57,49 минути), актуелен светски рекордер на 10 км, а четврти пристигна Александар Мутисо (57,59), исто така од Кенија. Во женска конкуренција на трката во Валенсија победи Етиопјанката Гензебе Дибаба (29), која низ целта помина со време од 1:05,16, час, што е одличен резултат (светскиот рекорд е 1:04,28 час на Кенијката Бригид Косгеи). Дибаба дебитира во Валенсија откако собори седум светски рекорди на различни растојанија. Трета беше Сенбере Тефери (1.05,51 час), зад Кенијката Шеила Чепкируи (1.05,39).



2 views

Comments


bottom of page