top of page

Канада ѝ забрани влез на ѕвезда на Гана, ќе го пропушти првиот натпревар на светко 2026 фудбал

12.06.2026 juni petok

Репрезентативецот на Гана, Томас Парти, ќе го пропушти првиот натпревар на својата селекција на Светското првенство, откако канадските власти не му одобрија влез во земјата.

Од ФИФА потврдија дека фудбалерот нема да може да отпатува од базата на националниот тим во Бостон кон Торонто, каде што Гана на 17 јуни треба да се соочи со Панама.

Светската фудбалска федерација нагласи дека нема надлежност во имиграционите постапки на земјите домаќини и дека одлуките за влез ги носат исклучиво државните институции.

Иако официјално не е наведена причината за одбивањето, британските медиуми потсетуваат дека Парти во минатото се соочи со обвиненија за силување и сексуален напад во Англија, што се смета за можен фактор во одлуката на канадските власти.


 
 
 

Comments


bottom of page