top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кан: Aктерката Леа Седу позитивнa на Ковид-19

Updated: Jul 13, 2021


12.07.2021 Juli Ponedelnik

Француската актерка Леа Седу може да го пропушти Канскиот филмски фестивал по позитивниот тест за Ковид-19.

Sвездата на Џејмс Бонд – која е двапати вакцинирана и асимптоматична – се појавува во четири филма на најпознатиот филмски фестивал во светот.

Настанот се одржува на француската ривиера, при што организаторите инсистираат на тоа дека имаат строги протоколи за да се избегнат инфекции.

Дури и да е така, кружат шпекулации за можен „кански кластер“.

Ваквите шпекулации силно беа демантирани од директорот на фестивалот Тиери Фремо.

„Вчера направивме повеќе од 3.000 тестови (на посетители на фестивалот) и немаме позитивни случаи”, рече тој во саботата. „Ние мора да го кажеме ова за да покажеме дека шпекулациите за канскиот кластер се неосновани “.

Седу (36) допрва требаше да пристигне на фестивалот кога откри дека има позитивен тест. Претставници на актерката велат дека таа ќе патува само доколку лекарите ѝ дадат зелено светло.

Сите четири филмови во кои глуми ќе се прикажуваат следната недела. Прв е „Францускиот диспечер“ на славниот американски режисер Вес Андерсон, кој беше неколку пати одложуван поради пандемијата, но светската премиера ќе ја има в понеделник.

Втор е Deception чија премиера е во вторниk, The Story of My Wife в среда и France на Бруно Думонт в четврток.

Француската актерка Леа Седу e добитничка на наградата за најдобра женска улога на Канскиот филмски фестивал во 2013 година, a позната e и како една од Бонд-девојките.






1 view

Opmerkingen


bottom of page