Камила и Чарлс со животински маски им оддадоа почит на слоновите
Со животински маски на лицето, кралот Чарлс Трети (74) и кралицата Камила (75), ја водеа церемонијата на добротворниот бал, за зачувување на природата, пишува „Дејли мејл“.
Тие се појавија во добро расположение на забавата во Ланкастер Хаус во Лондон, по повод 20-годишнината од добротворната организација за зачувување на дивиот свет наречена „Семејство на слонови“, која беше основана во 2003 година од покојниот брат на Камила, Марк Шанд.
Кралот Чарлс и неговата сопруга, беа почесни гости на церемонијата, бидејќи нивните активности во изминатите години помогнаа да се соберат милиони донации, за бројни здруженија кои се залагаат за зачувување на биолошката разновидност и заштитата на загрозените видови низ целата земја.
Фото: Instagram/ theroyalfamily
„Вие навистина сте кралот на оваа планета, ние сакаме се што правите за животните“, рекла една од организаторките.
Кралот и кралицата се сретнаа со членовите на племенската заедница Адиваси, од планините Нилгири во Индија. Кралицата им ја врачи наградата „Марк Шанд“, за 2023 година. Кралската двојка исто така, се сретна со индискиот документарен режисер Картики Гонсалвес, добитник на „Оскар“, кој од кралот Чарлс ја доби новоформираната награда „Тара“.
Comments