top of page

Камерон Дијаз секогаш убава и природна

Камерон Дијаз докажува дека сè уште изгледа како филмска ѕвезда додека го промовира своето вино на социјалните мрежи, осум години по повлекувањето од Холивуд. Дијаз оваа година ќе наполни 50 години, но не изгледа ниту приближно на таа бројка. Ѕвездата на „Ангелите на Чарли“ изгледа младешки со црвен кармин и крем-џемпер, едноставна и ненаметлива, во едно од своите ретки појавувања на „Инстаграм“ за да сподели нешто за своето вино „авелин“. Таа сподели и видео „Сакај се себеси“, каде што запали свеќа Goop Hands Off My Vagina (изум на Гвинет Палтроу) покрај шише со сопственото вино Aveline. „Чисто, вкусно вино и познатата свеќа на ‘Гуп’ – совршени подароци за оние што ги сакате (вклучувајќи се и вие самите)“. „А најдобриот дел, ‘Гуп’ ќе донира 35 долари од продажбата на секоја свеќа Hands Off My Vagina во корист на проектот за репродуктивна слобода на фондацијата ACLU. Да наздравиме за ова!“ Една од најатрактивните актерки на Холивуд пред осум години се повлече од актерството за да им се посвети на мајчинството и семејството.





 
 
 

Comments


bottom of page