top of page

Камерон Дијаз по долга пауза се враќа на филмското платно

Актерката се повлече од снимање филмови во 2014 година. А сега, како што објавија таблоидите, Камерон Дијаз ја прекинува пензијата за да глуми со Џејми Фокс во нов филм во продукција на „Нетфликс“. Во режија на Сет Гордон од Horrible Bosses, претстојната комедија со соодветен наслов „Враќање во акција“ треба да излезе в година. Дијаз и Фокс повторно се обединуваат по глумата во „Ани“ од 2014 година. Тој римејк на филмскиот мјузикл се покажа како последниот проект на Дијаз пред да објави дека се повлекува. По дебитирањето со Џим Кери во комедијата „Маска“ од 1994 година, Дијаз продолжи да глуми во некои од најголемите филмови во следните две децении. Можеби најпозната по улогите во серијалите „Шрек“ и „Чарлиевите ангели“, Дијаз стана позната и по романтичните комедии, како „Празникот“, и по мрачните драми, како „Бандите на Њујорк“ и „Небо од ванила“. Говорејќи за одлуката да се повлече од актерството, Дијаз во едно интервју минатата година објасни: одлуката беше за моето лично, духовно јас. „Навистина сакав самата да го менаџирам мојот живот. Мојата дневна рутина е буквално она што можам да го направам сама. Тоа е најдоброто чувство, се чувствувам комплетно… Го запознав својот сопруг, основавме семејство – сите работи за кои порано немав време. И не само време, туку немаше ни простор да донесувам одлуки, вистински одлуки за мене во тоа време“, му рече Дијаз на Кевин Харт минатата година во неговата емисија Hart to Heart.



 
 
 

Comments


bottom of page