Search
Камерон Дијаз наместо филмови, промовира вино
- Aleksandar Santovski
- Feb 22, 2022
- 1 min read
Глумицата Камерон Дијаз докажува дека сè уште изгледа како филмска ѕвезда додека деновиве го промовира своето вино на социјалните мрежи, осум години по повлекувањето од Холивуд. Иако оваа година ќе наполни 50 години, таа не изгледа ни приближно како жена на таа возраст.
Ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ изгледа младолико на рекламите, со црвен кармин и крем-џемпер, едноставна и ненаметлива, во едно од своите ретки појавувања на Инстаграм, за да сподели нешто за своето вино „авелин“.
Една од најатрактивните актерки на Холивуд ненадејно се повлече од актерството за да им се посвети на мајчинството и на семејството, но и да започне приватен бизнис.

Comments