top of page

„Камерен музички десерт“ – концерт на Симон Трпчески на 2 ноември во Филхармонија

Oct 1
1 min read

01.10.2026 Oktomvri Cetvrtok

На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже сета широчина, динамика и емоционална моќ на камерната музика.

Од романтичната чувствителност и препознатливата поетика на Шопен и Григ, до различните бои и музички контрасти што ги носат Конесон, Шахов и Шостакович, публиката ја очекува програма која не се потпира на едноставна формула, туку на вистинско музичко патување.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд


 
 
 

Comments


bottom of page