top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Калуш оркестра“ сака со триумф на „Евровизија“ да испрати порака за Украина

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ се пласираше во финалето на Изборот за песна на „Евровизија“, зацврстувајќи ја својата позиција како фаворит за победа на натпреварувањето што се одржува во Торино.

Во разговор за „Би-би-си“ пред полуфиналето Псиук истакна дека победата би испратила порака за поддршка на граѓаните погодени од војна, проценувајќи дека 12 милиони луѓе досега избегале од Украина.

– За нашата држава е толку важно да победува на сите начини. Па, ако ние победиме, тоа ќе биде уште една прилика да се покаже Украина пред светот, луѓето да се потсетат на Украина и да се зголеми моралот во државата – кажа Псиук.

Членовите на фолк-рап бендот го вееја украинското знаме кога беше објавено дека се квалификувале за финалето, по енергичната изведба на нивната песна „Stefania“.

– Ви благодариме што ја поддржавте Украина – рече основачот Олех Псиук кога го завршија својот настап.

Публиката во „Пала Алпитур“ реагираше на успехот на Украина со заглушувачки аплауз проследен со искрени солзи.

Во финалето покрај Украина, се пласираа и Литванија, Швајцарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Македонија треба да настапи со песната „Circles“ на Андреа Коевска на втората полуфинална вечер од „Евровизија“, утре во Торино.



2 views

Comments


bottom of page