Калиопи пред концертот в сабота: Сцената за мене е најсвето место!
14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik
На 19 октомври, сабота, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 21 часот, ќе се случи големиот солистички концерт на нашата поп дива Калиопи и нејзниот придружен бенд. Таа со скопската публика ќе се сретене по цели девет години, а последниот настап и бил во рамките на Карпошово култруно лето.
Фото: Јованка Гроздановска
– Јас и мојот бенд сме подготвни. За мене претстојниот концерт во Скопје е празник пред се, бидјеќи со Ромео славиме 40 години од почетокот на нашата музичка приказна. Многумина од вас се со мене оттогаш и тоа многу ми значи. Иако од сегашна перспектива, се изгледа како еден миг, за мене најважна отсекогаш била публиката. Затоа знам дека во сабота арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета со многу љубов и мислам дека се ќе искри од емоции. Имаам рекспект кон она што ќе се случи и целосно ќе се дадам како и секогаш досега – рече Калиопи на денешната дружба со новинарите, замислена како спонтана средба со појадок и чашка муабет.
Калиопи рече дека новинарите се неизоставен дел од нејзината животна и професионална приказна долги години наназад.
И од продукцијата, најавија дека в сабота ќе се случи голем спектакл.
– Сцената за мене отсекогаш е моеото најсвето место, каде се чуствсувам најмоќна и најдарежлива. Енергија имам, желба и љубов во огромни количества, а публиката е тука со мене, мој верен придужник, бидејќи песните се тие што ме одржуваат во живот сите овие години – вели нашата популарна пејачка, која последните неколку години го освои и регионот и имаше бројни настапи во најголемите градови во екс Југославија.
Инаку на концертот ќе присуствува и Ромео Грил, бивш сопруг и актуелен соработник на Калиопи, автор на нејзините најголеми хитови. Тој пристигнува вечерва во Скопје. Ќе ги слушнеме и Слаткаристика и Жељко Самарџиќ, кои ќе ги отпеат дуетските песни со нашата дива „Казна“ и „Зрно“. Секако ќе се прошетаме низ целата кариера на Калиопи преку песните кои ја одбележаа нејзината долгогдишна и успешна кариера, како и нумерите од последниот „Албум“, кој изнедри многу хитови.
Фото: Јованка Гроздановска
Калиопи откри дека и физички и емотивно е подготвена за концертот за кој вели дека по многу нешта ќе биде посебен и единствен.
– Поводот е голем, 40 години соработка и многу испеани песни, што за мене ги напипша Ромео. Тоа ќе биде круна на нашата кариера. Концертот ќе трае можеби три часа, а главен мотор да издржам, да не согорам ќе ми биде публиката. Таа кога ќе ме дигне имам сила да поместам планини – рече на крајот на денешната средба со новинарите Калиопи.
Comments