top of page
Search

Калиопи направи концертен спектакл во Битола и беше поздравена со стоечки овации и аплауз

23.07.2024 Juli Vtornik

Со стоечки овации и громогласен аплауз беше поздравена поп дивата Калиопи, која на битолчани викендов им приреди фантастичен концерт и магична ноќ која уште долго ќе се памети.Битолската Хераклеа беше претесна и преполна. Претесна да ја собере публиката, а преполна со емоција која кај присутните може да ја разбуди само Калиопи.

Со својот моќен вокал, вложувајќи огромна енергија и емоции и повеќе од два часа во кои не постоеше ништо освен музика, во прудружба на својот бенд, изведе стари и нови песни заблагодарувајќи му се на Ромео Грил за придонесот.

Битолчани ја наполнија Хераклеа, а таа им рече: „Преубави сте, многу убав свет видов пред себе, ја гледам мојата Македонија и каде и да одам секаде со себе ја носам, ама срцето најмногу чука токму овде меѓу овие ѕидови“.

Енергијата на Калиопи направи искуство кое илјадната публика вредеше да го почувствува.

Ова беше само мало „загревање“ за концертите кои следуваат и тоа на 2 август во Охрид и на 19 октомври во Скопје.


0 views

Comentarios


bottom of page