Search
Калин немаше одговор за првиот носител во Инсбрук
21.07.2022 Juli Cetvrtok
Македонскиот тениски рекет, Калин Ивановски го заврши својот настап на ИТФ фјучерсот што се одржува во Инсбрук, Австрија.
Нашата надеж немаше одговор за првиот носител на турнирот Валентин Вашро од Франција кој доминираше на централниот терен и со 6-1 и 6-2 обезбеди место во четвртфиналето.
Вашро освои 20 поени повеќе од Ивановски (59/39), искористи четири од шесте брејки шанси што се покажа како доволно да се пласира меѓу најдобрите осум на фјучерсот што се игра на земјена подлога и вредност од 15.000 долари.
Comments