Search
Калин напредуваше 115 позиции и дојде до најдобриот пласман во неговата кариера
- Aleksandar Santovski
- Nov 7, 2022
- 1 min read
Новата македонска тениска гордост, Калин Ивановски забележа голем скок на најновата АТП ранг листа.
Ивановски поради добрите изданија во изминатиов период се избори за напредок од 115 позиции и со вкупно 42 бода е 635 на светот што е негов најдобар пласман во досегашната кариера. Кога се во прашање нашите тенисерки скок имаше и Горазд Србљак (6 места) и сега е 998 на рангирањето.
Останатите асови како Обрад Марковски, Томислав Јотовски, Берк Бугариќ и Стефан Мицов имаа пад од 6 до 352 места.
Кога е во прашање врвот таму понатаму е Алкарас пред сонародникот Надал по што следуваат Циципас, Руд, Медведев, Оже Алијасим, Рубљов, Ѓоковиќ, Фриц и Руне кој ја заокружува првата десетка.

Comments