Калин направи огромен скок на АТП листата и дојде до најдобриот пласман во кариерата
Најголемата македонска тениска надеж, Калин Ивановски забележа голем скок на најновата листа која ја објави Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).
Ивановски напредуваше 69 места и со вкупно 62 поени е на 541 позиција што е негов најдобар резултат во досегашната кариера. Ова секако е дополнителен мотив за Калин да продолжи напорно да работи, се развива и напредува, а со оглед на тоа што има амо 18 години допрва треба да го чекаме најдоброто од него, најблескавите моменти.
Кога се во прашање останатите македонски тенисери, сите имаа пад на АТП листата со тоа што најмногу се лизна Гораз Србљак и тоа за 40 позиции со што сега е 1081 на светот.
Кога е во прашање само врв нема промени, па така Алкарас е прв пред Надал, Руд, Циципас и Ѓоковиќ кој ја заокружува првата петка.
Comments