Калабрија за најголемиот проблем на Милан во ЛШ: На ова ниво не можете…
Милан остана непоразен и на вториот меч во групната фаза во Лигата на шампионите, прва на гостувањата и тоа на „Сигнал Идуна Парк“ кај Борусија Дортмунд.
Германскиот и италијанскиот прволигаш одиграа реми без голови, резултат кој не им е од помош ако се земе во предвид актуелнава табела која вели две двата тима не се на позициите кои водат во нокаут фазата.
-Ја игравме нашата игра против силен тим кој играше на домашен терен каде што тие се непоразени во ова натпреварување две години. Ова е една од најтешките групи во историјата на Лигата на шампионите, -порача капитенот на „росонерите“, Давиде Калабрија.
„Црвено-црните“ на досегашните две средби упатија скоро 40 удари кон противничките тимови, ама ниту еден од нив не заврши на вистинското место што дефинитивно е проблем за калчолигашот.
-Тешко е да се зборува во жештината на моментот, повеќе би сакал да почекам, да се оладам и потоа да анализирам што се случи. Имаше неколку технички грешки и мора да бидеме поефективни кога ги создаваме тие шанси. На ова ниво, не можете да пропуштата толку многу, -заклучи дефанзиецот.
Клубот од Милано во наредните две средби во елитното друштво има соочувања со Пари Сен Жермен.
Comments