top of page

Како пред 25 години: Вилијам и Хари повторно заедно зад ковчегот на саканата личност

Принцовите Вилијам и Хари вчера чекореа покрај ковчегот на нивната баба, кралицата Елизабета Втора, глетка која потсетува на времето кога како момчиња пред 25 години го следеа ковчегот на нивната мајка, принцезата Дијана.

Браќата, чии односи станаа затегнати во последниве години, учествуваа во свечена поворка од Бакингемската палата до Вестминстерската палата, каде телото на кралицата ќе биде изложено до нејзиниот погреб во понеделник.

Нивниот татко, кралот Чарлс III, одеше пред нив заедно со останатите деца на кралицата Елизабета. Сопругата на Чарлс Камила, Кејт на Вилијам и Меган на Хари пристигнаа со автомобил во салата која се наоѓа во рамките на Парламентот.

Во 1997 година, откако Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз на 36-годишна возраст, Вилијам и Хари, на возраст од 15 и 12 години, одеа низ центарот на Лондон покрај нејзиниот ковчег, една од сцените која го обележа нивниот живот.

Браќата во минатото зборуваа за трајната траума што ја претрпеле по смртта на нивната мајка и за таа долга, исцрпувачка прошетка, во текот на која останале стоечки и покрај тагата што ја чувствувале.




 
 
 

Comments


bottom of page