Search
Како почна, така заврши: „Бисер балкански“ победнички одекнува среде Палермо (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 25, 2022
24.03.2022 Mart Cetvrtok
Македонија е во финалето од баражот за пласман на СП 2022 по сензационалната победа вечерва над Италија во Палермо, каде што неколку илјади македонски навивачи уживаат во специјалната вечер, по можеби најзначајната победа во нашата фудбалска историја.
„Фалангата“ не сака да си замине од трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ од каде што постојано одекнуваат стиховите од денеска најпопуларната песна на цела Сицилија - „Бисер Балкански“. Среќата е огромна, а веќе се коваат планови како од Медитеранот да се стигне до брегот на Атлантскиот океан, поточно во Порто каде што вов торник ќе ги одмериме силите со Португалија во клучната пресметка за пласман на Мундијалот.
Comentarios