top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Како без Миркуловски и Стоилов: Склопуваме добар тим, најавува Темелковски

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

Сите знаеме дека играњето за репрезентацијата е посебна чест и задоволство за секој спортист и дека кажувањето „збогум“ на националниот тим е една од најтешките одлуки што ќе мора да ја донесе некој од нив, истакна поранешниот селектор Илија Темекловски по победата на Македонија над Чешка (27-25) за пласман на Светското првенство в година, по која репрезентативно збогум кажаа двете легенди на македонскиот ракомет, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

– Знаевме дека ќе дојде моментот кога националниот тим ќе треба да продолжи без Филип Миркуловски кој е синоним за борбеност и пожртвуваност на секоја педа од теренот и дека неговата енергија ќе недостасува на тимот. Нема да биде исто без Столе Стоилов на линијата од шест метри, но мора да се соочиме со реалноста и неговата одлука, која ја оправдувам и сметам дека е во вистински момент – смета Темелковски, кој очекува и селекторот Кирил Лазаров во скоро време да го врами репрезентативниот дрес.

Миркуловски пензионирањето го најави уште по завршувањето на Европското првенство (ЕП) одиграно годинава, додека пак „репрезентативното збогум“ на Стоилов дојде без најава.

Фото Игор Бансколиев

– Стоилов е пикер од светски калибар, но целосно се согласувам со неговата одлука во моментов. Свесен е за своите можности и сметам дека направи вистински потег во вистинско време. Пешевски и Марковски можат достојно да го заменат, а и меѓу помладите пикери има неколкумина со репрезентативен потенцијал – кажа Темелковски.

Во бараж дуелите во Романија и Чешка одлични партии има бековите Филип Талески и Филип Кузмановски, а Томислав Јагуриновски одлично се снајде на десната бековска позиција, додека фантастичен на голот беше Никола Митревски.

Следна акција за македонскиот национален тим ќе бидат квалификациите за пласман на ЕП 2024 во Германија, во кои за противници Македонија ќе ги има селекциите на Португалија, Турција и Луксембург. Пласман обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја од осумте групи и четирите најдобри меѓу третопласираните селекции.

– Ме радува добрата игра на Талески, Кузмановски и Јагуриновски. Добра и ефикасна бековска линија е желба на секој тренер/селектор. Имаме шутери од надворешна линија, Томи знае да одигра еден на еден, имаме можност за различни комбинации. Тука се и неколкуте млади крилни ракометри кои верувам дека во квалификациите ќе добијат шанса пред Гоце Ѓеоргиевски и Гоце Ојлески. Генерално, полека склопуваме добар тим, кој верувам дека дополнително ќе добие на квалитет и самодоверба во овие два натпреварувачки циклуси што следат, на СП 2023 и ЕП 2024, така што, после тие два шампионата ќе ги знаеме вистинските можности и дострели на нашата репрезентација за во иднина – заклучи Темелковски.






1 view

Comentarios


bottom of page