top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Казнети се судиите кои дозволија да се игра „шест на пет“ во АБА2 лигата (ВИДЕО)

17.10.2024 Oktomvri Cetvrtok

Златибор и Борац Бања Лука одиграа еден супер неизвесен, драматичен натпревар во АБА2 лигата, натпревар на кој мораа да се играа дополнителни минути кои минаа во знакот на гостите кои на крајот славеа со 93:90.

Меѓутоа резултатот како и сите возбудувања паднаа во втор план и причината за тоа се судиите Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ кои во еден момент дозволија циркус на теренот, игра „шест на пет“.

Никој на теренот не примети дека домашниот тим има плус еден играч на паркетот, нешто што навистина е нереално и токму поради овој пропуст судиската тројка е санкционирана за циркусот што го дозволија.

Тие добија добија суспензија од по два натпревари.


1 view

Commentaires


bottom of page