Кадетската ракометна репрезентација со одлично второ полувреме до победа над Турција
- Aleksandar Santovski
- Aug 4
- 1 min read
04.08.2026 Avgust Vtornik
Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија стигна и до втората победа на актуелното Европско У18 првенство, а денеска бевме подобри од Турција (29:27).
Нашите надежи разигруваат за што подобра позиција во конечниот пласман, а по триумфот над Италија, денеска е совладана и Турција, репрезентација која ни создаде многу повеќе проблеми.
Турците имаа подобар старт, на полувреме водеа со 15:12, но избраниците на Горан Кузманоски го сменија пристапот во продолжението и со фуриозен период направија целосен пресврт и ја обезбедија победата.
Од 20:22 стигнавме до 20:26, што беше и недостижна предност за противникот, а Македонија рутински ја задржа до крајот за важен триумф.
Поповски со 9 и Дамчевски со 7 голови денеска беа најефикасни во нашата репрезентација, додека на спротивната страна се истакнаа Кочдемир и Карабичак со по 5 погодоци.






Comments