Search
Кадетите ја решија и Португалија, Македонија во десетте најдобри репрезентации во Европа
- Aleksandar Santovski
- Aug 8
- 1 min read
07.08.2026 Avgust Petok
Машката кадетска репрезентација на Македонија влезе во одлична серија на резултати на Европското првенство, настан на кој ја запиша четвртата победа во низа со што официјално сме во најдобрите десет селекции на стариот континент.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски беа подобри од Португалија со 26:25, триумф кој не носи на соочување со Израел во битката за 9. место на шампионатот што се игра во Србија. Ова беше уште еден драматичен натпревар во кој македонските надежи одиграа силно прво полувреме (13-9), па имаа пад во вторите 30 минути, меѓутоа уште еднаш се изборија да го имаат последниот збор.
Голманот Николовски запиша 13 одбрани, Дамчевски пак беше прв стрелец со седум погодоци.






Comments