top of page

Кадетите покажаа заби против Шведска, но не избегнаа трет пораз на ЕП во Белград

01.08.2026 Avgust Sabota

Македонската кадетска репрезентација ја заврши групната фаза со трет пораз на Европското првенство во Белград, откако денеска ја загуби битката и со фаворизираните „викинзи“.

За разлика од мечот против Франција, избраниците на Горан Кузмановски денеска одлично им парираа на Швеѓаните во најголем дел од мечот и успеваа да одржат чекор, но се чини дека пресудните моменти беа оние на десетина минути пред крајот.

По негативата од четири гола која ја имаа на почетокот на второто полувреме, Македонија дојде во ситуација три пати да напаѓа за израмнување, но наместо 26:26, Швеѓаните постигнаа гол и отидоа на 27:25.

Ова влијаеше доста лошо на психолошки план и Шведска отиде на плус пет, па тука стана јасно дека играчите до 18 години ќе претрпат и трет пораз на овој шампионат.

Во таква ситуација, Македонија сега ќе биде дел од разигрувањето од 13-то до 24-то место, а останува да видиме против кои ривали ќе играме во оваа фаза..


 
 
 

Comments


bottom of page