top of page

Кадетите парираа 20 минути, па претрпеа убедлив пораз од Франција

30.07.2026 juli Cetvrtok

Македонската кадетеска репрезентација вчера доживеа колапс во второто полувреме и дозволи голем пресврт на Словенија на отворањето на Европското првенство во Белград, а денеска избраниците на Горан Кузмановски имаа уште потежок испит и претрпеа втор пораз.

Ракометарите до 18 години добро го отворија мечот против фаворизираната Франција и парираа во воведните 20 минути до резултат 9:9, но потоа следеше голема серија на „триколорите“ кои во период пет-шест минути сериозно се одлепија на семафорот.

Од егал натпревар, на паузата се замина со резултат 20:13, па уште во оваа фаза стана јасно дека младите македонски ракометари ќе имаат исклучително тешка задача.

Во второто полувреме, младите француски ракометари ја доработија задачата и ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит, па на крајот славеа победа до 11 голови разлика (36:25).

Македонија во последното трето коло од групната фаза ќе се сретне со селекцијата на Шведска, а натпреварот се игра во сабота напладне во 12:00 часот.


 
 
 

Comments


bottom of page