Кадетите играат во Летонија на шампионатот на ЕХФ
РАКОМЕТ
Машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години од вчера го започна настапот на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Рига. Црвено-жолтите вчера го играа првиот дуел со Турција, вториот треба денеска со Косово, а в четврток ќе се сретнат со домаќинот Летонија (15 ч.). Првопласираните две селекции од секоја од двете групи одат во полуфиналето. Македонскиот селектор, Радослав Стојановиќ, во Рига ќе настапи со следниве ракометари: Иван Галевски, Тодор и Димитар Узунчев (Алкалоид), Дамјан Субашевски, Александар Петковски (Металург РА), Марио Стојановски, Александар Стојменов (Вардар 1961), Михаел Тотиќ, Андреј Стојановски, Томислав Димковски (Пролет 62), Ненад Белистојановски, Валентин Карасманакис (Еурофарм Пелистер), Давид Димевски (Работнички), Антонио Николоски (Младост 1977), Славчо Шулески (Охрид), Мирче Калајџиоски (Слован), Дејан Михајловиќ (Бутел) и Давид Брестовац (Котбус). Г.И.
Comments